ВМРО-ДПМНЕ: Модерни патишта за побрз проток на патници и стоки

Главен приоритет на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде инвестирање во изградба и обнова на патната инфраструктура. Во нашата програма Обнова за Македонија ветуваме дека ќе бидат изградени многу нови патни правци во сите региони од земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

-Приоритет ќе биде завршување со изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој го почна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелната власт на СДСМ за цел мандат не успеа да го доврши. Ветуваме завршување со изградба на првиот дел од 2км и допроектирање и изградба на преостанатиот дел од 11 км од автопатот Скопје-Блаце. Завршување со изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп. Проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат. Завршување со изградба на експресен пат Штип-Кочани. Довршување со изградба на експресен пат Штип-Радовиш, се вели во дописот од најголемата опозициска партија.

Оттаму ветуваат изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до граничен премин Меџитлија.

-Изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. Завршување со изработката на проектна документација за автопат Гостивар - Кичево и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Завршување со изработката на проектна документација за автопат Требеништа-Струга и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Изработка на проектна документација за изградба на автопат од Катланово до Велес и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Изработка на нова проектна документација, а потоа и разгледување на можностите за финансирање на изградба на експресен пат од Струмица до Смоквица Реконструкција на експресен пат од Струмица до граница со Бугарија.  По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега