ВМРО-ДПМНЕ: Најлош Извештај на ЕК во историјата на Македонија

 

Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки.

Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.

Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу.

Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење – се вели во соопштението на опозицијата.

10.11.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега