ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да ги поттикне граѓаните на вакцинација Филипче спроведува фашизоидни мерки

 

Венко Филипче и Зоран Заев јасно им покажаа на граѓаните дека не ги бива за ништо, па ниту да се погрижат за здравјето на народот, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-На прагот на четврти корона бран наместо да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат, тие воведуваат дискриминаторски и фашизоидни мерки. Или ако си вакциниран може да пиеш кафе во кафуле, ако не си ќе си седиш дома. Во меѓувреме, вакцинацијата се спроведува во крајно нехумани услови. Граѓаните чекаат по неколку часа на температури повисоки од околу 40 степени. И наместо да се фатат за работи тие си играат играчки, се грижат за провизии и слично. Но, веќе никој ништо не очекува од нив. Спасот е само нивното заминување од функциите, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

12.08.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега