ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно

 
„Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
 
-По 36.500 евра месечно за 5 специјалисти ќе плаќа владата, на трошоците за коридорите уште непочнати им нема крај.
 
Со парите за ангажирање на овие 5 специјалисти, власта може годишно да финансира изградба на две градинки, едно училиште или да набавува по 40 целосно опремени амбулантни возила.
 
Наместо на инвестиции, и работи неопходни за граѓаните Ковачевски се расфрла со парите на народот.
 
Дополнителни најмалку 11 милиони евра ќе бидат исплатени за ангажирање на 5 специјалисти за надзор, надвор од првично предвидените 1.3 милијарди евра.
 
Трошоците за изградба на коридорите, кои се уште не се почнати немаат крај.
 
Потребни се промени и одговорност.-додаваат од партијата.
30.05.2023 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега