ВМРО-ДПМНЕ: Не е време за театар, суетата на Ковачевски не е поважна од иднината на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најпрво го покани премиерот Димитар Ковачевски на средба за надминување на економската и енергетската криза, а потоа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, но предлозите беа одбиени и тие му порачаа да оди на економскиот Совет во Влада.

По ова следи нова реакција од ВМРО-ДПМНЕ во која се вели дека ниту една суета не е поважна од иднината на граѓаните.

Ниту една суета, а најмалку таа на Ковачевски е поважна од иднината и благосостојбата на граѓаните во овие сериозни времиња. Не е време за театар ниту задкулисни игри, туку е потребно делување. Затоа претседателот Мицкоски го афирмира барањето за средба со Ковачевски и неговиот тим за надминување на последиците од енергетската и економска криза. Повторуваме, суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

03.10.2022 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега