ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Власта на СДСМ и ДУИ чини човечки животи, ги остави без терапија пациентите со карцином
Владата на СДСМ и ДУИ има 100 милиони евра за непродуктивни трошоци, а нема пари за терапија за пециентите со карцином, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија цел еден месец лицата со колоректален, оваријален и цервикален карцином, терапија која за нив значи живот.
-Министерството за здравство не направило и не прави набавка на оваа терапија, што е огромен скандал и пример за неоговорност. Власта не заборава и не пропушта да објави набавки кај што има провизии, кога се набавува кафе, апетисани, морски плодови, службени возила или други луксузи, а ова набавка не ја прави. Затоа оваа неодговорна власт треба да си замине час поскоро. Нивната неодговорност може да чини човечки животи, се наведува во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа