ВМРО-ДПМНЕ: Од пиунот Ковачевски, народот глава го боли, поскапеа струјата, парното, метанот
Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пиунот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачаа како новогодишна честитка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки. Заевизмот само во рок од една и пол година поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор ја покачи струјата за 40%.
Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени. Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје.
Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи.
Ете ова е цената која ја плаќаат граѓаните заради криминалот на заевизмот. Одговорност за ова мора да има“ се вели во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа