ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром го има најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи најзагадена општина во државата

Вчера и денес општина Аеродром го дише најзагадениот воздух во земјава, а државава е на 6то место во Светот по нечист воздух. Жителите на општина Аеродром го имаат најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи општина со најзагаден воздух буквално преспивајќи 3 години од мандатот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Едно од неговите клучни ветувања беше дека ќе работи на општина со почист воздух. Три години потоа Аеродром особено Лисиче руши рекорди по најзагаден воздух. За три години освен мала шминка Златко Марин не изгради ниту еден нов парк и не создаде ниту една зелена површина. Дивите депонии особено тие на потегот на кејот на реката Вардар останаа акутен проблем на општината. 

 

Дополнително во општина Аеродром продолжи да се гради без план но нудејќи вносни бизниси на бизнисмени на власта блиски до Златко Марин. Во Лисиче вчера загаденоста беше 363 ПМ 10 честици на м3, дури два пати повеќе од Карпош втора рангираната општина по загаден воздух. Бројките покажуваат дека Марин не мрднал со малиот прст за еколошка општина Аеродром. Неспособноста на Марин донесе загаден воздух. Затоа граѓаните ќе го казнат Марин“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега