ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест против неправдата, реваншизмот и насилството

ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне на протест против како што велат од партијата неправда, реваншизам и насилство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук напиша дека Македонија предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во затвор само затоа што ја сакаат Македонија, бидејќи на властодржците Македонија им е трн во око.

„Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари.
Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО - ДПМНЕ.
Во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал и затоа - излегуваме на улица да им кажеме дека е доста!

Ако неправдата е закон, тогаш улицата е нашиот одговор. До финална победа!

 Среда во 18.30 часот, од министерството за (не)правда до Основен суд 1“ пишува Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега