ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 12 општини

ВМРО-ДПМНЕ брифира дека според нивниот аналитички штаб, во вториот изборен круг освоиле власт во 12 градови. Според нив, градоначалнички места добиле во Скопје, Охрид, Битола, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново и Лозово.

Во Охрид, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, веќе прогласи и победа преку објава на социјалните мрежи. Во Скопје, од 24 отсто од пребројаните гласови, предност има Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие се неофицијални информации, а пребројувањето од општинските изборни комисии и натаму е во тек

31.10.2021 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега