ВМРО-ДПМНЕ: Промената на моделот за исплата од националните платежни картички е само потврда дека првичните мерки биле погрешни

Промената на моделот за субвенционирање на платите во приватниот сектор од линеарен во скалест и начинот на исплата на еднократната помош (од национални платежни картички, директно на трансакциски сметки) е само потврда дека првичните мерки биле тотално погрешно поставени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да не зборуваме за фијаското со мерката Викенд без ДДВ, фијаското со ФДИ, хаосот во угостителскиот сектор, доцнењето на ребалансот, ад-хок непромислените мерки за зголемување на конкурентноста на компаниите, никакви институционални реформи, малите ефекти од поддршка на домашната потрошувачка, ниската реализација на капиталните инвестиции и многу други промашувања периодов, говори за некадарноста и безидејноста на Владата во спроведувањето на економските мерки. Ова е тотално НЕСПОСОБНА Влада, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа