ВМРО-ДПМНЕ: Ристо Пенов има 65 години, наместо во пензија ќе ни бистри политика

 

„Ристо Пенов кој е предложен за нов министер во расипничката Влада, не верувам дека нештата ќе се подобрат на подобро и неверувам дека ваков кадар како Пенов може да придонесе да има поевтина струја, поевтина храна за граѓаните“, вака обвини пратеничката Даниела Христова од ВМРО-ДПМНЕ за време на расправата по точката за нов министер за локална самоуправа.

„Оваа Влада составена од министри чии лични и партиски интереси се на прво место ќе добие нов министер кој на полни 65 години наместо да замине во пензија, ќе ни бистри политика и цел живот ќе полни џеб од државни каса, два мандата како градоначалник, два мандати како пратеник и еве сега како министер“, рече од собраниската говорница пратеничката Даниела Христова.На ова реплицираше пратеникот Панчо Минов од СДСМ кој рече дека квалитетен министер може да биде и пензионер.

„Ристо Пенов го познавам долго, затоа што бевме во исто време градоначалници 2000-2005 година и она што можам од тој период на соработка и комуникација е да кажам е тоа дека неспорно е тоа што квалификативите кои ги има за одговорно остварување на функцијата министер за локална самоуправа. Тој е основоположник на децентрализацијата“, реплицираше Минов од собраниската говорница.На контра-реплика пратеничката Хрисова рече дека не знае на која партија припаѓа пратеникот Минов, додавајќи дека очекувала реплика да добие од некој од пратеничката група на ЛДП.

25.10.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега