ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се најголемите поборници на бугарските агенции и бугарските интереси во државата
СДС и Филипче се најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата. Филипче е континуитет на погубни предавнички политики на Заев, Османи, Пендаровски, Маричиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче продолжува да ја игра улогата на Заев мислејќи дека ќе дојде на власт доколку прифати се и се стави на располагање на туѓи агенди и земји.
Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС за македонските национални интереси се катастрофални.
Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.
Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.
Филипче и СДС ги распродаваат македонските национални интереси, и се ставаат во служба на бугарските агенции и интереси само поради власт, милионски профити и зделки.
СДС и Филипче немаат црвени линии во однос на националните интереси и се повеќе наликуваат на бугарска филијала. Сомнежот е дека позади сите овие операции стои голема источна земја спонзор која е пријател и има силно влијание и во Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ ги препозна и ги демаскира ваквите хибридни операции навремено, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со заштита на националните интереси и достоинството на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа