ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од развој, 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Власта крати 2,2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура, но намалени се и други средства.

„СДСМ крати од развој, 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот.

Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура.

Намалени се и средства во Министерство за животна средина за цели 335 милиони денари.

Се кратат пари и од образование.

СДСМ и ДУИ со ребалансот на буџетот кратат пари од капитални инвестиции, а  трошат на непродуктивни трошоци.

Власта не работи за народот, туку целиот систем работи за неколку луѓе блиски до врвот на власта.

Нема пари за народот, има 1.4 милиони евра за Заев. Нема за плати и инвестиции, има за златни тањири, вилушки и лажици во владата.

 

Со СДСМ државата тоне. Народот осиромашува. Премногу е“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

21.06.2022 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега