ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека има криза, и во таа криза Ковачевски одбива дијалог со ВМРО-ДПМНЕ и стручната помош која ја нудиме, важна му е само фотелјата

ВМРО-ДПМНЕ со реакција до соопштение на СДСМ.

„СДСМ призна дека има криза.

Кога веќе признаваат дека има криза, во таа криза Ковачевски одбива дијалог со опозицијата и најголемата политичка партија.

Во таа криза Ковачевски одбива помош на стручни луѓе и законски решенија кои ќе ги изработат 4-те тимови на ВМРО-ДПМНЕ, во образование, здравство, економија и надворешна политика.

Во таа криза на СДСМ, на Ковачевски му е поважна фотелјата од се друго.

За сите последици ќе биде виновна само власта на СДСМ и ДУИ“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
04.05.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега