ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ толку се изнервираа од фактите, што и неписменоста им излезе на површина

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ и порача дека стравот кај власта е оправдан.

„СДСМ толку се изнервираа од фактите, што и неписменоста им излезе на површина.

Стотици илјадници евра може е жаргон што го користи Зоран Заев, кој не знае кој јазик го зборува, но ги владее сумите кога зема 1.4 милиони евра од државата.

Дали Заев им ги пишува соопштенијата во СДСМ или можеби Вице, зошто кога се спомнува РЕК Битола и камиони, некои луѓе од Струмица добиваат анксиозност и паника.

 

Сепак стравот во СДСМ е оправдан. Наскоро доаѓа до промена на власта, и одговорност за криминалот и за уништувањето на енергетскиот сектор. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

05.06.2022 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега