ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ турка штетен закон, спротивно на европската пракса

 

СДСМ турка штетен закон, спротивно на европската пракса и Извештајот на ГРЕКО ќе му дозволи на Спасовски да унапредува по 3 места без критериуми.

Измените во Законот за внатрешни работи се спротивни на сите европски практики. Законското решениe се туркаше без опозицијата и без вклученост на ЕУ и ОБСЕ.

Никаде во ЕУ не постои закон со кој министерот како автократ ќе има дискрециони овластувања да унапредува и по 3 места без никаков критериум. Со тоа се руши системот на субординација во службата, и се дава можност млади лица без искуство да бидат поставувани на раководни позиции за кои треба знаење, но пред се искуство и минат труд.

Спасовски го уништува системот на кариера граден со помош и на ЕУ.

Владата треба веднаш да го повлече ова законско решение кое е спротивно со сите современи практики.

28.03.2022 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега