ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заштитува прекршување на законот за јавни набавки
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
СДСМ заштитува прекршување на законот за јавни набавки. СДСМ втор ден се обидува да го заштити својот кадар, поранешната директорка на детска градинка во Гази Баба која спротивно на законот вршела набавки во месец септември 2021 година, а истите биле фактурирани во декември месец за сума која ја надминува границата која ја пропишува законот за јавната набавка.
Ревизијата покажала вкупно 11 наоди за прекршувања од страна на раководниот орган. Ако за СДСМ тоа е нормално, тогаш тоа покажува дека СДСМ одобрува и спроведува систематски кршење на нормите.
Патем тоа што СДСМ се обидува да го скандализира, повторно им се враќа како бумеранг. Лицето кое ја спроведува ревизијата на работата на детската градинка е истото лице внатрешен ревизор кој што поранешниот градоначалник Борче Георгиевски го овластил да врши ревизии уште во 2019 година.
Залудни се обидите на СДСМ со вакви соопштенија и пресови да прават дефокус од актуелните состојби во државата, а уште помалку од аферите кои се поврзуваат за криминалот на нивните кадри. СДСМ ако веќе сакаат да гледаат прекршување на закони нека ги погледнат случаите за јавни набавки на нивните градоначалници во Бутел и Кисела Вода, но и скандалите со софтверот на Рашковски, снопчињата пари на Ден Дончев, системот евро за Вицето-евро за црквата и десетици други поголеми случаи на криминал и корупција на нивните функционери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа