ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов својот мандат ќе го заврши со четири стана во Скопје, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да каже како со чиновничка плата стасал до речиси нова луксузна куќа од 306 метри квадратни среде Скопје.

„И додека граѓаните осиромашуваат и фирми се затвораат Петре Шилегов ја реновира својата 306м2 речиси нова луксузна куќа во Карпош. Народ останува без работа и нема пари да преживее, а Шилегов реновира луксузна куќа. И тоа не е се. Во текот на овој мандат Шилегов се поднови и со луксузна хациенда во Маврово со огромен двор, која како што пишал во неговиот анкетен лист вреди 55.000 евра“, велат од партијата.

Во текот на еден мандат, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов акумилирал имот кој некој цел живот не може да го стекне.

„Шилегов својот мандат во октомври ќе го заврши со 4 стана во Скопје, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово. Како народот работи цел живот за свој дом, а Шилегов има имот од близу 2 милиони евра? Време е за одговори и одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

29.08.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега