ВМРО-ДПМНЕ: Си ја вработи сопругата во МНР и сега ќе зборува за Уставот

Мартин Костовски, познат во поново време по тоа што ја ухлебил сопругата во МНР, излезе на прес да ја брани срамната и недемократска одлука на Талат Џафери. Веројатно мора да одработи, па макар се бламирал на јавна сцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно поради стравот од соочување со народот Талат Џафери и антимакедонската СДС го погазија Уставот и демократијата. Затоа сега со очајни прес конференции го бранат неодбранливото.

Членот 24 од Законот за Референдум предвидува дека може да се распише Референдум за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието односно претходен Референдум и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓани за други прашања за кои одлучувало Собранието тоа е дополнителниот Референдум.

Прашањето на референдумот не ја менува содржината на договорот, туку го оспорува законот со кој се ратификува билатерален договор и се прогласува за важечки на територија на Република Македонија со сила на закон. Доколку се поништи Законот за Ратификација, тогаш истиот договор престанува да важи и на тој начин се сосечува во корен отровното дрво кое раѓа отровни и асимилаторски плодови. Впрочем и самиот Договор има одредба со кој Македонија може да го напушти.

Антимакедонската СДС е свесна дека народот во огромно мнозинство е против Договорот со Бугарија кој што е штетен за Македонија и е основа за негирање на македонскиот идентитет, култура и историја. Стравот во СДС е голем, па со правни гимнастики и кршење на Уставот се обидуваат да се спасат привремено од соочување со народот и спасување на кариерата на Ковачевски - велат од опозицијата

14.09.2022 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега