ВМРО-ДПМНЕ: Скопје тоне во смет, воздухот е загаден

Скопје е метропола, главен град кој треба да биде огледало на државата, а Скопје со Шилегов тоне во смет, а кога ќе се исчисти градот, Шилегов се фали како да направил некој капитален проект, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според партијата, сметот и дивите депонии се уште едем проблем плус кога воздухот е загаден и градот се гуши.

-И вечерва мерните станици низ Скопје покажуваат 2-3 пати зголемена загаденост над дозволеното, а уште не е ни почната зимата. Што ќе го очекува Скопје во декември, јануари и февруари? Скопјани и оваа година систематски ќе се трујат затоа што Шилегов не си ја работи работата. Три години откако ветуваше чист воздух веднаш, а ништо не направил. Ништо не е преземено, се вели во соопштението.

Според советничката група, Скопје е оставено да тоне во смог, а граѓаните да се гушат.

-Тоа го констатира и ЕК која посочува на неработата на Шилегов и Заев. Ниту во ЕУ ќе влеземе, ако не ги исполниме критериумите за заштита на животната средина и спречување на загаденоста на воздухот. А на таа тема Шилегов и СДСМ ништо немаат направено, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега