ВМРО-ДПМНЕ: Сликите од пред клиниките се ужасни

Венко Филипче и неговата неспособност се најголема опасност за здравјето на граѓаните во ек на пандемија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта во која Венко Филипче го води ресорот здравство не презема ништо за да ги зголеми болничките капацитети во пресрет на есенскиот бран.

Пациенти чекаат пред клиниките и по час и половина за преглед, а сликите од пред клиниките се ужасни.

Дека власта го изгубила правецот и нема компас, говори фактот што пациент наместо во болница, прима инфузија пред болница, во дворот на истата. Но и тоа што нема вакцини против сезонски грип. Целото здравство е руинирано, а затоа виновни се Заев и Филипче.“ велат преку соопштение од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа