ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лажна вест за реформите на Заев- Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици

Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за наводни реформи на Заев, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска.

„Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште.

Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени.

Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја и најавените експерименти во образованието. Се виде дека не се работи тука за стандарди, туку за лаги на Заев и министерката која шири зараза од лажни вести Мила Царовска.

 

После сето ова Владата и Заев да се извинат на сите граѓани што ги доведоа во заблуда. Владата освен на корупција е главен извор на лажни вести. Заразата е неизлечива.“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2020 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа