ВМРО-ДПМНЕ: Валентин Груевски според евиденцијата на ДКСК не поднел анкетен лист, дали институциите го кријат?
„Валентин Груевски според евиденцијата на ДКСК не поднел анкетен лист, дали институциите го кријат?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението вели дека Груевски има поднесено анкетен лист, но за претходните негови функции.
„Валентин Груевски има поднесено анкетен лист за претходните негови функции, но не и за функцијата директор на Македонски шуми. Според податоците на ДКСК Валентин Груевски не поднел анкетен лист, за последната функција, а на истата е повеќе од половина година. Веќе гледаме дека дел од функционерите на власта признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што е случајот со адвокатот на функционерите на СДС Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу, дедо на пратеникот Дарко Каевски. Ковачевски наместо да чека треба веднаш да ги разреши“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа