ВМРО-ДПМНЕ вечерва на извршен ќе расправа за референдумот

При денешната посета на општина Аеродром, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на вечерашното заседавање на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извршниот комитет ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и предлогот за референдумско изјаснување, како и анализа на актуелната политичко економска состојба во државата.

„Да, денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет, ќе разговараме за актуелните случувања.  Би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња, денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта. Исто така за предлогот за референдумско изјаснување да видиме каков тип  референдум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, на што би се фокусирале итн. Да слушнеме што мислат членовите на Извршниот комитет на партијата  и нормално анализа на актуелната политичко-економска состојба во државата, што е стандардна тема во тие неколку часови кога Извршниот комитет заседава. Состојбата со економијата е катастрофална. Доаѓа зима, а овие во владата се однесуваат како онаа народната со штурецот, за месец-два започнува и учебната година, доаѓа есента, потоа и зимските денови. Цените на енергенсите гледаме континуирано растат, не гледаме дека некој се занимава со тоа, не гледаме дека некој се занимава со обезбедување резерви на пченица и слично така што сложена е состојбата и како државотворна политичка партија треба да излеземе со наша позиција по неколку прашања отворени“, нагласи Мицкоски.

21.07.2022 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега