ВМРО-ДПМНЕ: Владата е виновна за злоупотребата на средствата, може да вградат мерки за контрола во самите Уредби

Наместо декларативно да се повикуваат на санкционирање, институциите да превземат конкретни чекори за присилна наплата на сретствата од компаниите и истите да се префрлат на сметка на работниците за кои тие се наменсети, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека изминатите денови сме сведоци како СДСМ и надлежните институции се обидуваат да се ослободат од одговорноста за злоупотреба на дел од средствата што беа обезбедени како помош од државата за исплата на плати во погодените компании од кризата со цел зачувување на повеќе работни места во овој период.

„Иронијата да биде поголема тие повикуваат на санкционирање на компаниите кои направиле злоупотреба, а истовремено имаа можности уште во самите уредби кои 10-ци пати ги менуваа да спречат било каква можност за злоупотреба со цел заштита на работниците преку воспотавување на соодветни вградени механизми и систем на контрола при исплата на средствата кон компаниите.

 

Наместо декларативни изјави во јавноста, ја повикуваме Владата и надлежните институции веднаш да преземат конкретни чекори за присилна наплата на средствата од компаниите што ја злоупотребиле паричната помош и префрлање на тие средства на сметка на работниците кои биле отпуштени од работа или не добиле плата во овие месеци“ велат во соопштение.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега