ВМРО-ДПМНЕ: Власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра

 
„Османи и тендер коалицијата ДУИ - СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила праваат секоја година.
Власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра“. Ова го потенцираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на набавка на изнајмување на возила за министерскиот собир на ОБСЕ кој ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември годинава. 

„Доволно е да се направи наједноставно интернет пребарување и ќе се дојде до заклучок дека дури и возило од марката Мерцедес С класа се рента по цена од 450 евра за еден ден, што кога ќе се помножи за два дена и за 175 возила ќе се добие цена не повисока од 160.000 евра.
Од километри се гледа дека власта 6 пати ќе го преплати рентањето на возила.

Уште повеќе запрепастува фактот што владата секоја година објавува милионски тендери за набавка на возила за министерствата или разните државни органи“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

 

 

08.11.2023 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега