ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со Левица и АА -СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, Левица и коалицијата на Алијанса и Алтернатива формираа мнозинство во Советот на Град Скопје. Информацијата ја потврди опозициската партија во писмено соопштение.

„Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини.“

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во недела освои 18 советници, Левица има 4, Алијанса и Алтернатива имаат двајца што е вкупно 24 советници во градскиот Совет кој има 45 места.

28.10.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега