ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Не сме сигурни дали позади ФБ статусот стои Зоран Заев, но ако е тој нека одговори кога ќе си поднесе оставка

„Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус. Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ?“-возвраќаат денеска од СДСМ на статусот кој го објави премиерот Зоран Заев.

„Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК. Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата“-се додава во соопштението.

08.11.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега