ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче прават сѐ да ја уништат економијата

 

Венко Филипче и Зоран Заев, и покрај тоа што четвртиот бран гази во Македонија и има дневно повеќе од илјада заболени, се без компас, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, здравствениот систем не бил подготвен ниту за претходните три, ниту сега за четвртиот бран.

-И не само што има голем број на заболени во едно деноноќие, и не само што опозицијата и експертите предупредуваа, Заев и Филипче не направија ништо. Здравствениот систем не беше подготвен ни за првите три брана на корона, не е подготвен ниту за овој четврти. И како би бил кога ништо не направија како што треба. Мерките кои ги воведоа, а дел и ќе ги воведуваат од први септември освен што внесуваат конфузија и што се во насока на уништување на економијата,  секторот угостителството, веќе не се од никаква помош за намалување на бројките на заболените, се вели во дописот.

Според партијата, премиерот и министерот за здравство се вешти само за земање провизии.

-Заев и Филипче единствено се вешти за земање на провизии. Друго се што прават е уништување. Сега ја уништуваат економијата, а не се организирани да ги згрижат пациентите, уште помалку да се намали бројката на заболени. Затоа веќе не се чека одговор од нив, туку заминување од функциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

19.08.2021 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега