ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се со крвави раце, ќе одговараат за тоа што народот го препуштија да умира незаштитен по болнички ходници

И денес СДСМ, Мицкоски го обвини поради сончевото утро, за ниското ниво на снег на планините, за студената вода и слични проблеми, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и велат дека сето тоа не е оправдување за нивната алармантна неспособност.

„Ја разбираме опседнатоста на СДСМ со Мицкоски, тоа е само затоа што Мицкоски претставува најголемата закана за криминалецот Заев. Нека не ги лаже Заев, во СДСМ треба да прочитаат дека министер за здравство не е Мицкоски туку Филипче, а со тоа и одговорен за црната катастрофа.

Во Македонија не е борбата колку операции ќе се направат туку колку кревети ќе се обезбедат. До таму дојде работата што живите и мртвите во болниците ги ставаат во иста соба. За кревети, кислород и вакцини за грип нема, ама за провизии од тендери има!

 

Заев и Филипче се луѓето со крвави раце и на чија совест ја имаат секоја смрт на болен од ковид, и се ближи денот кога Заев ќе одговара за тоа што државата ја турна во амбисот на смртта и тоа што луѓе умираат по болнички ходниц“ велат во реакција ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега