ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше Европска Унија, а заврши со мини шенген

Регионалните соработки на земјите од Балканот секогаш биле, се и ќе бидат поздравени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не се ни приближно тоа коешто Зоран Заев и СДСМ им го ветуваа на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека членството во Европската Унија и широкото семејство на европските народи се вистинската иднина на Македонија, која нема алтернатива.

„Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт во 2016 година токму со овие ветувања и 4 години ја замајуваа јавноста со истите флоскули, без да направат суштински поместувања и реформи. Алтернативата мини шенген е само блед обид на Заев тоа да го прикаже како некаков успех на неговата политика, која доживеа фијаско како на меѓународен, така и на домашен план. Мини шенген иницијативата не смее да остане наша иднина која ќе го затвори европскиот пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

29.06.2021 - 13:41
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега