ВМРО-ДПМНЕ: Зечевиќ и купи партија на Арсовска и гордо во прв ред се радуваше на својот не толку фамозен изум

Зечевиќ и купи партија на Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција до медиумите. Од партијата реагираа и во однос на денешната изјава на минситерката за одбрана, Славјанка Петровска која пак присуството на Миле Зечевиќ од СДСМ на промоцијата на партијата Нова Алтернатива, предводена од актуелната градоначалничка на Град Скопје, го објасни како политичка култура.
„Колку што присуството на Зечевиќ на новата СДС на Данела е политичка култура, толку и присуството на Ковачевски во МНТ на настан на ВМРО-ДПМНЕ е политичка култура.
Тајната коалиција на СДС и Данела конечно стана јавна, Зечевиќ и купи партија на Арсовска и гордо во прв ред се радуваше на својот не толку фамозен изум“, се вели во реакцијата на опозициска партија.
18.01.2024 - 17:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа