Внимателно се следи: Кинески научници пронајдоа нов грип со пандемичен потенцијал

Нов вид на грип има потенцијал кој има потенцијал да стане панцемија е идентификуван од кинески научници, јавува Би-Би-Си.

Се појавил неодамна и го пренесуваат свињи, но може да се заразат и луѓето, велат експертите.

Истражувачите се загрижени дека може да мутира и стане лесно пренослив од личност на личност, со што би предизвикал глобална појава.

Кинеските научници велат дека ги има „сите обележја“ за прилагодување за заразување на луѓето. Посочуваат дека вирусот мора внимателно да се следи.

Со оглед на тоа што е нов, луѓето би можеле да имаат слаб или никаков имунитет на вирусот.

Овој грип е меѓу најголемите закани кои што ги следат експертите, дури и кога светот се обидува да излезе од сегашната пандемија на коронавирусот.

Последниот пандемиски грип со кој се соочи светот е свинскиот грип од 2009 година кој за првпат се појави во Мексико. Тој беше помалку смртоносен отколку што првично се стравуваше, главно поради сличноста со другите вируси што циркулираа години пред него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 00:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега