Во Јапонија речиси 10 милиони птици беа евтаназирани поради птичји грип

 

Во Јапонија е извршена евтаназија на нешто помалку од 10 милиони птици поради голема епидемија на птичји грип, јавува Си-Ен-Ен.

Тоа дополнително ќе ја оптовари понудата на живина во источноазиската земја и ќе ја зголеми цената на јајцата. Во соопштението во вторникот, Министерството за земјоделство соопшти дека 9,98 милиони животни се евтанизирани, што го надмина претходниот рекорд од 9,87 милиони од 2020 година, кога имаше последната криза со птичји грип.

Евтаназирани се главно кокошки и мал број патки и ноеви. Се очекува да се намали понудата на пилешки јајца поради неодамнешната епидемија. Ширењето на птичјиот грип веќе ги зголеми цените на јајцата ширум светот во последните месеци.

Во Јапонија, цените на јајцата на големо достигнаа рекордно високо ниво минатиот месец, бидејќи испораките паднаа. Птичјиот грип е предизвикан од инфекции кои природно се јавуваат кај дивите птици. Заразените птици можат да го пренесат вирусот на други животни преку нивната плунка и други телесни секрети.

Во Јапонија, ситуацијата можеби нема да се подобри наскоро бидејќи циркулацијата на вирусот достигна највисоко ниво на сите времиња. Во вторникот, Министерството за земјоделство објави дека потврдило нов случај на болеста на фарма во префектурата Хирошима, каде што има околу 835.000 кокошки.

Со ова вкупниот број на епидемии низ целата земја се искачи на 58, надминувајќи ги рекордните 52 регистрирани во текот на сезоната 2020. Најмалку 23 јапонски префектури сега се погодени од проблемот, од 18 во 2020 година.

11.01.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега