Во партиска пресметка нападнат директорот на Агенцијата за одземен имот

 

Како што пренесува „Клан“, Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за одземен имот, бил физички нападнат во ресторанот Седра во Тетово.

Како што пишува „Клан“ Небиу бил нападнат од Кренар Османи, близок соработник на Арбен Таравари.

Небиу ја потврдил оваа информација. Настанот го пријавил во МВР.

„Во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелски објект на улица Илирија во Тетово лицето Н.Д. физички бил нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“  - информираа од СВР Тетово.

Небиу е против одлуката на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција. Села е за самостоен настап на Алијансата за Албанците на претстојните парламентарни избори.

05.02.2024 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега