Во сабота ќе се прска против комарци во Скопје
Трета фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови, информираат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Градот Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
09.07.2020 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа