Во Србија 6.224 новозаболени од коронавирус, 55 починати

Во последните 24 часа, 17.093 лица биле тестирани за вирусот корона во Србија, од нив 6.224 биле позитивни, додека починале 55 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 253 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

 

Во понеделник обично се бележи помал број на тестирани и заразени лица, имајќи предвид дека се работи за податоци од викендот, кога помал број луѓе одат на лекар.

 

Ситуацијата во Србија со епидемијата на коронавирус е алармантна. Според најновата анализа починале рекордни 65 лица за еден ден, а дури повеќе од 700 се хоспитализирани, така што сега имам 7.256 ковид-пациенти во болниците низ Србија.

 

Епидемиолозите најавуваат дека оваа недела ќе биде врвот на овој бран на епидемијата. Многу е веројатно дека ќе има дури 10.000 заразени лица на ден и трицифрен број на смртни случаи за 24 часа.

 

Поради сето тоа, денес се одржа седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот на која се разговараше за моменталната епидемиолошка состојба и какви нови мерки треба да се воведат. Сесијата заврши без да се најават нови мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега