Во Србија ќе се гради фабрика за производство на кинеските вакцини „Синофарм“

Во Србија ќе се гради фабрика за производство на вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Меморандумот за разбирање и соработка за производство на кинеската вакцина во Србија беше потпишан во Белград меѓу Србија, кинескиот производител на вакцини и партнер од Обединетите Арапски Емирати.

Потпишувањето на Меморандумот е првиот конкретен чекор кон изградба на фабрика за вакцини во Србија, а според српската премиерка, Ана Брнабиќ целта е фабриката да се изгради до крајот на годинава.

-Имаме амбициозни цели. Целта е да се изгради фабрика за производство на вакцини до крајот на годинава, а паралелно да се работи на полнење до крајот на годината и да има десет милиони дози вакцини што се наполнети во Србија, а веднаш после тоа да започнеме сеопфатно производство – изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека ова е важен чекор за Србија, но и за регионот, бидејќи вакцината ќе биде блиску, ќе биде подостапна и ќе може да придонесе за интензивирање на борбата против пандемијата на корона вирусот.

 

 

12.07.2021 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега