Вработентие во јавниот сектор ќе добијат 1.300 евра ковид бонус и 100 евра повисока плата - одговор на кризата на германската Влада

Германските работници во јавниот сектор следната година ќе добијат бонус од 1.300 евра поради пандемијата и 2,8 отсто повисока плата.

Повеќе од милион работници во јавниот сектор во германските покраини ќе добијат неоданочен бонус најдоцна до март следната година.

Договорот следи по заканата од штрајк на работниците во универзитетските болници, детските градинки, училиштата и полициските оддели. Преговорите траеја цел викенд, до понеделникот рано утрото.

Претседателот на синдикатот Верди Франк Вернеке рече дека договорот е фер.

Преговорите започнаа кон крајот на летото. Синдикатите бараа зголемување на платите за најмалку 150 евра месечно или околу пет отсто. Побараа за 300 евра повисоки плати за работниците во здравството.

Ова беше нереално за сојузните држави поради и онака високите трошоци за здравјето, економијата и локалните власти поради пандемијата.

30.11.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега