Времето денеска облачно со слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела.

09.03.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега