Времето денеска: Умерено облачно, од пладне се очекува дожд, грмежи и услови за град

 

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне посончево, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

30.05.2023 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега