ВТА и се закани на Кина во врска со исчезнувањето на Шуаи Пенг

ВТА и се закани на Кина, со одземање на организацијата на сите турнири, доколку во најкус можен рок Шуаи Пенг не се појави во јавноста.

Пенг, на 2.ноември, на кинеската социјална мрежа „Веибо“, објави писмо во кое тврди дека поранешниот вице-премиер Жанг Гаоли сексусално ја злоставувал и дека неговата сопруга знаела што се случува бидејќи таа чувала стража пред спалната соба во неговиот дом.

Објавата набргу беше тргната од мрежата, а Пенг исчезна од јавноста. Пред неколку дена кинеската државна телевизија објави електронска пошта во која Пенг го негира силувањето. Во писмото пишува дека ништо не и се случило и дека се наоѓа во својот дом.

На крајот од писмото таа побара од сите кои се грижат за неа, најпрвин да ја контактираат пред да објават нешто.

Електронската пошта била испратена и до извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон, кој се сомнева дека Пенг е безбедна.

„Тешко ми е да поверувам дека Пенг го напишала ова писмо, уште потешко ми е да повредувам во она што е напишано“, рекол Сајмон.

Тој рекол дека е подготвен да ја прекине соработката со Кина доколку биде разјаснето што се случува со исчезнатата тенисерка.

„Подготвени сме да ги прекинеме контактите со Кина и покрај тоа што можеме да имаме големи проблеми. Она што се случува е поголемо од бизнисот“, рекол Сајмон.

Кина до 2028 година ја доби организацијата на Завршниот мастерс во женска конкуренција. Оваа година поради коронавирусот, турнирот се одржа во Гвадалахара.

Шуаи Пенг, во еден период беше број 1 на ВТА листата во парови, во кариерата ги освоила Вимблдон во 2013 и Ролан Гарос во 2014 година.

 

19.11.2021 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега