За една година банкротирале речиси 3000 фирми

За една година во Македонија згаснале 2.854 компании или 3,8 отсто од вкупниот број. Најголем дел од нив се од услужните дејности.

Во Европа, статистиката забележува дека на годишно ниво бројот на банкротирани фирми се зголемил за 7,3 проценти.

Бизнисмените велат дека здравствената, која се прелеа во економска криза е дополнителна, а не основна причина за затворањето на фирмите. Вината, како што јавува Сител, тие ја гледаат во лошите закони.

-Тука има една друга причина, можам така да ја наречам поврзана со даночна евазија, поврзана со сивата економија, со изигрување на системот. Патем, системот и го дозволува тоа, тие празнини, недоречености го дозволуваат тоа, поврзано одговорноста, со гаранцијата, поврзано со етичкото водење на бизнисот итн, вели првиот човек на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков во изјава за Сител.

25.05.2021 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа