Забавите организирани на Градиште завршија со кривични пријави

 

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“.

 

Полициските службеници од подрачјето на СВР Охрид забележале 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Најмногу од нив се во Охрид – 90, Струга-46, Кичево-30 и Дебар-4.

„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Полициските службеници извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти“, посочија од СВР Охрид.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега