Заев: Чист воздух мора да дишеме сите и секаде

Не смееме да трагаме по чист воздух, туку мора да го дишеме сите и секаде, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
„Денеска во Националниот Парк Маврово учествував во пошумувањето на овој парк, за здрава и зелена околина.
Владата на врвот на приоритетите ја држи зелената агенда. Покажавме вистинска заложба и грижа за животната средина“, напиша Заев.

09.10.2021 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега