Заев: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина

 
„Навистина овие избори се значајни и историски, преку овие избори определуваме по каков пат ќе се движи нашата земја, нашата татковина.
 

Ја нудиме најдобрата понуда од СДСМ и коалицијата, најдобрата понуда на кандидати и програми, зборуваме за иднината, за визија, за проекти, со коишто сакаме да го унапредиме севкупниот живот на граѓаните, во селата, во градовите, во населбите, насекаде во Северна Македонија. 

 
Во едни такви околности имајќи ја таа најдобра понуда во предвид, вие носите одлука, што е најважно за вас, за вашите семејства, вашата општина, вашата земја, и затоа е многу важно каква одлука ќе донесете“ - ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во вчерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ. 
 
Заев најави дека во кампањата која ќе ја започнат за една недела, ќе ја имале најдобрата програмска и кандидатска понуда.
 
„Ние низ кампањата која ќе почне за една недела, ќе го образложиме и докажеме токму тоа, дека ја имаме најдобрата програмска понуда и најдобрата кандидатска понуда, затоа што граѓаните така определија низ истражувањата и низ анкетите во текот на летото, давајќи ги своите сугестии, кои се вградија во програмите. 
 

Какви сме спрема општините докажавме, 550 милиони евра имаме директно дадено поддршка инвестирана во локалните заедници. Ќе продолжиме со уште поголем интензитет, за уште подобри општини кои уште подобро ќе служат на целиот наш народ“-додаде премиерот Заев.

 

 

21.09.2021 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа