Зафировски: Правосудниот систем е алатка во рацете на владата на СДСМ, имаме селективна правда

Република Македонија за жал особено во последните неколку години стана држава во која извонредно добро функционира организираниот криминал, смета универзитетскиот професор и член на ВМРО-ДПМНЕ Воислав Зафировски во интервју за Пела Нет интервју.

Зафировски посочи дека правосудниот систем е алатка во рацете на извршната власт, како и дека правдата станува достапна само за оние кои што имаат пари да ја купат.

-Правосудниот систем е алатка во рацете на извршната власт. Правдата стана достапна само за оние кои што имаат пари да си ја купат, понатаму имаме состојба во која што економијата ни е на колена, немаме странски инвестиции, немаме развојни проекти, посочи Зафировски.

Тоа е апсолутно нереално и тоа е вообичаено политичка патка која се промовира се со цел да се релативизираат актуелните случувања со криминалот во државата, рече Зафировски во однос на најавите на Заев за инвестициски бум од 8 милијарди евра.

-Обвинителството во буквална смисла на зборот се претвори во алатка во рацете на извршната власт за спроведување на селективна правда. Правниот систем ни е за ремонт, објасни тој.

Според Зафировски владата требало многу повеќе да се посвети на состојбите во државата односно како што рече тој да го подигне прагот на функционирање на правната држава и воспоставување на владеењето на правото подеднакво за сите.

-Владата требаше да се посвети многу повеќе на состојбите во државата, на подигање на економијата, на подигањето на прагот на функционирање на правната држава. Да воспостави функционален независен правосуден систем, да воспостави владеење на правото подеднакво за сите, да расчисти со оној аспект на нарушување на човековите слободи и права, смета Зафировски.

06.06.2021 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега