Зафировски: Ристовски ја претвори Интегра во секта

Поранешниот потпретседател на политичката партија Интегра, Воислав Зафировски заедно со дел од досегашни структури на политичката партија ИНТЕГРА влегува во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција, Зафировски го обвини претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски дека ја претворил партијата во секта.

Тој рече дека од Интеграво ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и меѓународниот секретар на партијата, носителот на изборната листа од петтата изборна единица, координаторот на шестата изборна единица, како и други носители на различни функции во рамки на претседателството, но и лидерските тимови на ИНТЕГРА. Покрај членовите на претседателството, вели Зафировски, во ВМРО-ДПМНЕ преминуваат поголемиот број претседатели и членови во општинските комитети на ИНТЕГРА во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а најава има и од поголем број други општински комитети.

Од партијата Интегра, пак, претходно соопштија дека нема преминување на раководството бидејќи тоа било разрешено и оти партијата функционира монолитно. Од Интегра истакнаа дека Зафировски бил разрешен минатиот месец поради преминат праг на морална грешка, но Зафировски негира и тврди дека вистинската причина за разрешувањето била негова колумна во која се препознал претседателот на партијата, Љупчо Ристовски.

Зафировски наведе и дека разрешувањето се случило на седница за која тој лично не бил информиран. Го обвини Ристовски дека на изборите одработил за актуелната власт.

„Депотскиот однос на лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски и неговата фикција дека тој е пророк и месија пратен од Бога и ќе ја спасува Македонија на посебен начин ги сруши принципите за кои заеднички се боревме. Ја претвори партијата во трговско друштво и секта каде самиот тој е партијата“, рече Зафировски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега