Запленети 4,5 тони кокаин на Канарските Острови

 

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 4,5 тони кокаин во близина на брегот на Канарските острови на товарен брод од Того кој дошол од Латинска Америка.

Полицијата соопшти дека повеќе од две години внимателно го следела бродот „Орион пет“, кој превезува стока од Латинска Америка до земјите на Блискиот Исток и дека веќе бил претресен, но дека не е пронајдена дрога и покрај присуството на „доволно траги“.


Уредот „поморска авијација“ конечно овозможи во вторникот да се најде кокаинот, скриен во силос кој требало да се користи за сточна храна. Во акцијата учествуваа и американската агенција за борба против дрога ДЕА, Меѓународниот оперативен центар за анализа на поморските разузнавачки податоци за наркотици (MAOC-N), властите во Того и шпанската полиција.

Уапсени се 28 членови на екипажот на бродот под знаме на Того, од девет различни националности.

28.01.2023 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега